Детали

Доколку се одлучите за ваква активност, доаѓаме и ве земаме од местото каде престојувате и со автомобил се упатуваме до местото на обалата од каде со рибарски чамец/бродче тргнуваме на риболов. Се упатуваме на местото за риболов и остануваме таму додека риболовот е успешен. Во спротивно, одбираме друго место за риболов. Постојат повеќе начини на роболов, од вас зависи за кој ќе се одлучите. Во Охридското езеро можете да ловите Охридска пастрмка, крап, јагула, клен, мрена и др. Должината на рибарскиот ден ќе зависи од вашата желба и од временските услови. Денот го завршуваме со кафе пауза на која ги прераскажуваме рибарските импресии.


За поголема група цената се договара Во цената влегуваат дозвола за риболов, изнајмување рибарски чамец, рибарска опрема.