Македонската кујна е репрезентативна кујна за Балканот, со турски, грчки и блискоисточни влијанија, како и во помала мера италијански, медитерански и унгарски влијанија. Заради релативно топлата клима која дозволува одлични услови за растење на разни зеленчуци, овошја, зачини и билки. Македонската кујна е исто така позната по разновидноста и количеството на млечни производи и локални алкохолни пијалаци како разни вина, ракии и мастика.